Зеленски претходно кажа дека „ако Украина не може во НАТО, тогаш Западот да ѝ даде нуклеарно оружје“.
„Тоа исто така докажува дека нуклеарните централи за него не се извор на мирољубива енергија, туку валкано нуклеарно оружје потребно на киевскиот режим за уценување“, додаде Захарова.
Украинскиот претседател кажа дека западните земји треба на Украина да ѝ предадат нуклеарно оружје и да испратат во земјата воен контингент, доколку не планираат да ја примат Украина во НАТО.
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија ќе биде принудена да го употреби сето свое расположливо вооружување доколку Киев добие нуклеарно оружје.