сабота, 19 октомври 2024

Захарова: Украинците им вадат органи на војниците и ги продаваат на црниот пазар

Објавено на

часот

Сподели

Киев не ги коментира обвинувањата. Досега ниедно независно, угледно меѓународно тело не дало никакви докази кои би ги потврдиле тезите на Захарова. „Одамна е познато дека Украина стана еден од светските лидери за трансплантации на црниот пазар“, напиша Захарова на Телеграм.

Истакна дека Украинците нелегално вадат органи од мртви тела уште од доцните 1990-ти, што значи дека со таквата пракса почнале неколку години по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Додаде дека ситуацијата значително се влошила од 2014 година, кога беше урнат од власта претседателот Виктор Јанукович.

„Постојат докази дека во јуни 2023 претставници на министерството за здравство на една земја од НАТО договориле со украинската страна испорака на вагони ладилници со човечки органи и делови од тела, кои најчесто се користат во трансплантологијата. Тоа се рожници на очи, некои коски, сврзни ткива, срца и црни дробови“, кажа Захарова.

Таа наведе дека срцата се продаваат за околу 21.000 фунти, бубрезите за околу 11.000 фунти, и дека се продаваат и детски органи. Ова не е првпат Захарова јавно да зборува за продажба на органи на црниот пазар. Во мај ја обвини Украина, а во февруари Молдавија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ