понеделник, 21 октомври 2024

Захарова: Што ѝ донесе на Украина сонот за Европа?

Руското министерство за надворешни работи ги обвини Украина и Западот за конфликтот со Москва во пост по повод одбележувањето на 10-годишнината на прозападните протести на киевскиот Плоштад на независноста. Користејќи погрдни изрази, портпаролката на министерството Марија Захарова праша што ѝ донел на Украина сонот за Европа.

Објавено на

часот

Сподели

„Од просперитетна, индустриски развиена, густо населена поранешна советска република, Украина се претвори во сиромашно подрачје кое умира“, оцени портпаролката на руската дипломатија.

Додаде дека Украина ја изгубила независноста како последица на настаните од ноември 2013 и оние кои следеа потоа. „Западните колонизатори ја одредуваат нејзината домашна и надворешна политика“, напиша Захарова.

Таканаречените Евромајдански протести, кои подоцна во Украина беа наречени Револуција на достоинството, почнаа на 21 ноември, која првите демонстранти се собраа на Мајдан (Плоштадот на независноста) во Киев.

Демонстрираа против тоа што тогашниот украински претседател Виктор Јанукович го поништи договорот за придружување на земјата во ЕУ. Во судирите со силите за безбедност беа убиени повеќе од 100 луѓе. Тој настан во вторник ќе се одбележи се сеќавање на почетокот на протестите, а се очекува доаѓање на западни функционери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ