четврток, 26 декември 2024

Захарова: Русија мора да ја одбрани својата независност, нема време да чека Западот да се вразуми

Русија мора да ја одбрани својата независност, нема време да чека Западот да се вразуми, изјави Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Немаме време да чекаме. Тоа се нивни проблеми – дали ќе се опаметат, дали ќе им се разбуди совеста. Не сум сигурна дека ќе им се разбуди совеста, туку треба да се реанимира или едноставно да им се подари, бидејќи тие немаат совест. Каква совест може да имаат оние кои испорачуваат оружје со кое се убиваат деца?“, праша Захарова.

Таа истакна дека тоа се историски проблеми на Западот со кои ќе мора да живее и за кои ќе мора да плати, а дека Русија има свој пат.

„Сега имаме многу работа, мораме да ја одбраниме нашата независност. Не се бориме само за себе, ние се бориме за мнозинството во светот кое е уморно од животот под јаремот на бескрајната диктатура“, заклучи Захарова.

Русија смета дека испораките на оружје на Украина го спречуваат решавањето на ситуацијата и директно ги вклучуваат земјите од НАТО во конфликтот. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров кажа дека секој товар, кој содржи оружје наменето за Киев, е легитимна мета на руската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ