понеделник, 28 октомври 2024
Вчера беше одново хоспитализиран

Загрижувачки детали за здравјето на Лавеци: Слушаше гласови во глава, зема ножици и почна да се боде во стомакот!

Медиумите од Аргентина откриваат детали за здравствената состојба на поранешниот фудбалер Езекиел Лавеци, кој вчера по втор пат беше хоспитализиран за помалку од еден месец.

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец, Езекиел Лавеци се најде во фокусот на јавноста откако пристигна информација дека е хоспитализиран поради убодни рани.

Аргентинецот синоќа повторно заврши во болница, овој пат се говореше дека поранешниот фудбалер се предозирал.

Новинарката Естефи Берарди сега откри дека Езекиел Лавеци има проблеми со менталното здравје, и сподели детали за епизодата која ја имал минатиот месец во неговиот дом во Пунта дел Есте, во Уругвај.

„Одеднаш Почо стана многу нервозен, многу нервозен. Почна да слуша гласови во главата и мислеше дека доаѓаат по него, дека го бркаат, и се исплаши“ – вели Естефи Берарди.

„Се исплаши толку многу, што зема ножици и почна сам да се боде во стомакот. Тогаш неговиот брат се обиде да го смири. Не дека двајцата се бореа, но едноставно Почо не е мал човек, па дојде до туркање и така си ја скрши и клучната коска“.

Езекиел Лавеци е во судски процес со поранешната сопруга Наталија Боргес, и мислел дека таа доаѓа да го повреди.

Било одлучено дека е најдобро тој да биде пренесен во Буенос Аирес и таму да продолжи со лекувањето, но кога требал да се качи во медицински авион, имал нова слична епизода и било одлучено дека е опасно да го транспортираат при вакви услови, па морале да го заспијат со медикаменти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ