сабота, 26 октомври 2024

Загина возач на автомобил во судир со автобус во кој се повредени 20 работници

Во сообраќајна несреќа на патот Битола – Демир Хисар загина К.К., (42) од Битола, а дваесетина лица се повредени во судир на автомобил марка пежо и мини автобус во кој работници кои работат во Битола се превезувале кон Демир Хисар.

Објавено на

часот

Сподели

На сите лица повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Битола, им е пружена итна медицинска помош, изјави, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Повредените лица се чувствуваат добро, а дел се пуштени на домашно лекување, потврди Ивановска.

„Веднаш интервениравме. Во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица кај нив е изврешено компјутерско снимање, а по добиените резултати ќе се препорача лекарска помош. Попладнево мобилни се и лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката и врз истите, е извршено компјутерско снимање. Сите лица се надвор од животна опасност“ изјави за МИА, Ивановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ