среда, 12 февруари 2025

Загина уште еден пешак, на него налетал кичевец со рено меган

Вчера вечер во полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило рено меган со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И. од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешакот И.А. од село Колибари.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ