недела, 6 октомври 2024

Загина мотоциклист во судир со автобус

Моторциклист загна во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица. Според полициското соопштение, несреќеата се случила вечерта во 19:40, при што дошло до судир на автобус марка мерцедес со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл марка сузуки без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.

Објавено на

часот

Сподели

Мотоциклистот загинал на лице место, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

На лице место бил извершен увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи, што ќе треба да ги утврдат околностите поради кои дошло до незгодата.

Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ