среда, 5 февруари 2025

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар –Кичево преку Стража

Од 14:10 часот e воведeна забрана за сообраќај за тешки товарни возила на  патниот правец Гостивар –Кичево преку планинскиот премин Стража.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Македонијапат, забраната се воведува од превентивни причини.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ