среда, 12 февруари 2025

Во акцијата на МВР се проверуваат договoрите со сервисите Авто клима Митревски, Дамбо, Ацо, Коп и Прогрес авто

Денешната акција на припадниците на Бирото за јавна безбедност на МВР се изведувала и во канцелариите на неколку познати  автосервиси како Коп, Авто клима Митревски и Дамбо од Скопје, автосервис Ацо од Куманово и Прогрес авто од Тетово. Според нашите сознанија, со овие сервиси МВР склучило повеќегодишни договори за сервисирање на службените возила, а сомневањата се дека во некои од возилата наместо нови резервни делови се вградувале стари и веќе употребувани компоненти, а фактурите биле како за нови делови. Во некои случаи истите делови биле фактурирани и повеќе пати.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово работниот ден на вработените во МВР почна со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици. Почната е истрага поврзана со сомневања за злоупотреба на тендерски постапки за сервис на службените возила на МВР.

Од МВР денеска соопштија дека акцијата се однесува на злоупотреби во своите редови, се вршеле претреси во зградата на министерството, во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР. Се работи за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, соопшти МВР и се додава дека по насоки на надлежен јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ