недела, 20 октомври 2024

За задушница посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров

МВР информира дека поради верскиот празник Задушница во сабота и недела, почнувајќи од 6 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кон гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

Со почеток од 6 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.Бутелска, лево по ул.Александар Урдаревски, лево по ул.Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.Боца Иванова, до кружниот тек на ул.Бутелска, па лево по ул.Бутелска и десно по ул.Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ