понеделник, 21 октомври 2024
Министерот на Фејсбук

За шест дена МВР приведе 60 лица за различни кривични дела, се пофали Спасовски

Во периодот од 30 октомври до 5 ноември годинава приведени се над 60 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, разбојништво, тешки кражби, криумчарење мигранти, дрвокрадци, лица барани со потерница, приредување игри на среќа без лиценца, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакнува Спасовски, во посочениот период преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

По преземени мерки на секторите за внатрешни работи низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3.452 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, а остварени се и 13 превентивни активности на теми превенција од трговија со дрога, врсничко насилство и безбедност во училишта, безбедност во сообраќајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ