сабота, 30 ноември 2024

За „Македонија и Македонците“ – концерт на Стефче Стојковски и неговиот ансамбл

Во големата сала на Македонската филхармонија беше одржан јубилеен концерт на Стефче Стојковски и неговиот ансамбл, по повод 25 години ѕвездена кариера и ширење на македонската изворна, народна музика низ светот. „За Македонија и Македонците“ беше насловен концертот на виртуозот на народни инструменти, со кои беспрекорно ги интерпретира песните, македонски, кои се пееле со векови секаде каде што живеат Македонци.

Објавено на

часот

Сподели

Ансаблот на Стојковски исполни бројни македонски песни од Пирин, од Егејска Македонија, од Мала Преспа и од Македонија. Александар Здравков ја изведе „Црна се чума зададе“, а се редеа и други патриотски песни: „Собрале ми се набрале“, „И ние сме деца“, која ја пееше Стојковски, „Горите македонски“, „А бре бај Постоле“, „Песна за Христо Узунов“, за Јане Сандански згрме „Кога падна на Пирина“, одекнаа и „Ми товарил калеш Дончо“, „Четворица комити“, „Песна за Чакаларов“…

Концертот веќе го доби епитетот „час по историја и по рољубие“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ