„Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото“, стои во соопштението на ОЈО.
Жената, како што соопштуваат, неможејќи да го издржи насилничкото однесување, посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. По ова, осомничениот продолжил свирепо да ја удира жената со што и нанел повеќе телесни повреди.
Судијата, како што се додава, го прифатил предлогот за определување мерка притвор, но поради тоа што осомничениот е во бегство, таа ќе почне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.