„Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени.
Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски? Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?
МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно, а не да штити прекршување на законите. Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните.
Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности треба да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“, соопшти СДСМ.