сабота, 5 октомври 2024

За 24 часа во Пожаране и Лазарополе наврнале 65 литри дожд на метар квадратен

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Пожаране и во Лазарополе 65 литри на метар квадратен.

Објавено на

часот

Сподели

До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола,  8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и еден литар  во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ