недела, 10 ноември 2024

Димитровски: Владата ќе обрне поголемо внимание на правата на Македонците во Албанија

Претседателот на Македонско друштво Илинден од Тирана, Абанија, Никола Ѓурѓај во Скопје оствари средби со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија и со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Објавено на

часот

Сподели

„На работната средба со Димитровски го информирав за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонското национално малциство во Република Албанија“, изјави Ѓурѓај за МИА.

Секако, додаде, опширно го информирав и за активностите на нашето друштво, кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница во Албанија.

„Заменикот министер покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Секако, во опсегот на неговите надлежности, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Албанија“, посочи тој.

За средбата преку објава на фејсбук информираше и заманик министерот Димитровски.

„Никола е посветен активист за човековите права и голем борец за македонската кауза. Заедно констатиравме дека поддршката на македонската држава на Македонците кои живеат во Албанија може да биде далеку поголема и да не зависи од партиско-политичките прилики дома. Го уверив  Ѓурѓај дека актуелната Влада ќе обрне поголемо внимание на правата и положбата на македонското малцинство во соседството и преку механизмите за човекови права во Европа, како и со сопствени сили ќе го помага нивниот етнички, културен, јазичен и идентитетски опстанок, напиша Димитровски.

За време на вчерашниот престој во Скопје ја посетил и  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, каде остварил средба со првиот човек на Агенцијата,  Билјана Стефаноска.

Во срдечниот разговор меѓу другото размениле мислења околу можностите за заедничка промоција на убавините на областите на Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои се повеќе стануваат посакувана дестинација за туристите.

За Агенцијата донирал и примероци од македонскиот весник „Илинден”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ