вторник, 22 октомври 2024

За 24 часа регистрирани две сообраќајки со тешко повредени малолетничка и мотоциклист

На улицата Партизанска во Струга вчераавтомобил со ресенски регистарски таблици удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта, на која потоа и се констатирани тешки телесни повреди, а 44 годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со трактор во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, во сообраќајката што се случила во Струга со возилото управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани.

„Малолетничката е пренесена во болницата Св.Еразмо во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи“, се наведува во соопштението на МВР.

Четириесет и четири годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со трактор во Струмица.

Како што соопшти МВР, сообраќајната нерсеќа е пријавена вчера во 7:30 часот, а се случила на улила Климент Охридски, на делницата од крстосницата со магистралниот пат и булевар Ленинова до крстосницата која води во Зона Север, помеѓу трактор имт-539, управуван од В.А.(65) од село Баница, струмичко, и мотоцикл кимко, управуван од К.М.(44) од Струмица.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица“, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ