понеделник, 21 октомври 2024

За 13,7 отсто пораснале платите, просечната во април била 660 евра, објави ДЗС

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари или 660 евра и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование за 21,8 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и информации и комуникации за 18 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, информации и комуникации за 5,7 и транспорт и складирање за 4,9 отсто

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ