Вулин кажа дека самиот одлучил да поднесе оставка и дека тоа не го направил некој друг. Додаде дека за тоа го информирал претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Тој ми кажа дека знае што бараат од нас и какви се заканите. Ми кажа дека остава на мене и мојата совест да одлучам што ќе направам. Сега големите сили на Западот одлучија, пред изборите, да се обидат да го урнат Александар Вучиќ, да му го намалат бројот на гласови и да го оштетат“, оцени Вулин.
Според Вулин, заканата со санкции на Србија, не само што нема смисла, туку е злонамерна.
„Смислена е само со идеја Вучиќ повеќе да не биде одлучувачки фактор во Србија. Сакаат да го видат ослабен, како и неговата политика. Поднесов оставка бидејќи сметав дека немам право да ја жртвувам Србија за јас да останам на функција. Нема да им дадам повод да ѝ воведат санкции на Србија“, изјави Вулин.