понеделник, 21 октомври 2024

Вулин поднесе оставка на местото директор на српската Безбедносно-информативна агенција

Александар Вулин поднесе неотповиклива оставка на позицијата директор на Безбедносно-информативната агенција, српската безбедносно-разузнавачка служба на чие чело е од декември 2022 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението тој му се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ на „приликата да ги брани Србите и Србија“ и го замоли „да остане претседател на сите Срби“.

„Претседателот Александар Вучиќ и Србија се соочени со закани и уцени кои може да се споредат само со австроунгарскиот ултиматум од 1914 година. Од нас се бара да го признаеме Косово, да излеземе од Република Српска и со санкции против Руската Федерација да престанеме да бидеме суверена држава и нација. Доколку се согласиме на тоа, следно барање би било протерување на кинеските инвестиции, безусловна технолошка и економска зависност од Западот, како и продолжување на политичката и територијална дезинтеграција на Србија и прифаќање на западните вредности во кои нема место за традиционалното семејство и нацијата, а на крајот на краиштата ни за социјална правда“, порача Вулин.

Ги обвини Соединетите Американски Држави и Европската Унија дека „ја бараат неговата глава“ како предуслов за невоведување санкции против Србија.

„Не сум причина за уцените и притисокот на Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за оцени и притисоци на Србија и српскиот свет. Затоа поднесувам неотповиклива оставка на местото директор на БИА. Санкциите кои ми се воведени се доказ за мојата упорна борба за српско единство, но воведувањето санкции на Србија за мое понатамошно водење на БИА би било доказ за мојата себичност. Првиот показател за исправноста на мојата одлука ќе бидат лицемерните изјави на функционерите на САД и ЕУ во кои ќе се колнат дека не ни сакале да ни воведат казни и санкции. Мојата оставка нема да ја смени политиката на САД и ЕУ кон Србија, но ќе ги успори нивните закани и уцени. Не добија санкции против Русија, не добија српско признавање на Косово, но добија една српска глава“, кажа Вулин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ