понеделник, 21 октомври 2024

Вуко Борозан се врати во Вардар

Црногорскиот ракометар, Вуко Борозан повторно ќе игра за Вардар откако црвено-црните потврдија дека е потпишан едногодишен договор со него со опција за продолжување на уште една сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Борозан беше дел од Вардар во 2017 година кога вардарци ја освоија европската титула. Борозан веќе во следната недела треба да се приклучи на на тренинзите.

Во сезоната 2016/2017 кога Вардар ја освои европската титула, Борозан беше стрелец на 49 гола. Дресот на Вардар го носеше три години (2016-2019).

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ