И минатата недела осум земји имаа забелешки на предлогот на унгарското претседателство да се отвори тој кластер, за конкурентноста и инклузивниот раст. Главната причина за тоа е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија и да се усогласи со надворешната политика на Брисел.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Унгарија ќе закаже разговори во ЕУ на таа тема и следната недела.
„Во тоа нема никаков сомнеж. Тоа беа осум земји, Шведска, Финска и Холандија, и нормално, Хрватска и Бугарија. Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да објаснам, но за Хрватите разбирам. За нас важни вести се дека разговараме со сите. Германија, Франција и Италија се апсолутно за отворање на кластерот 3, и им благодарам на поддршката. Им благодарам ако го отворат, но им благодарам и ако не го отворат. Ќе се трудиме следната година да бидеме најбрзо растечката економија во Европа“, кажа Вучиќ.
Тој додаде и дека е многу важно тоа што Европа излегува од кризата.
„Верувам дека Германија ќе се извлече од кризата, ако не во 2025, тогаш во 2026“, оцени српскиот претседател.
„Повеќе верувам дека Германија брзо ќе се крене отколку некои други земји. Како што се надевам дека Русија ќе ја зачува својата економска база. Мислам дека Русите и Украинците се најголеми губитници. Изгубија стотици илјади луѓе, милиони ја напуштија земјата. Но ни Европа не претрпе помала штета од нивната“, оцени Вучиќ.