„Повеќе од една година траат страшните притисоци поврзани со парламентарните, покраинските и локалните избори. Мнозинство имавме и по 17 декември во Белград, 54 од 110, но сметавме дека со два дополнителни мандати, 56, дека тоа не е доволен легитимитет, бидејќи некои не сакаа да прават коалиција со нас. Значи наместо 54 мандати ќе имаме 62 или 63“, порача Вучиќ.
Повтори дека листата на СНС има 52 отсто од гласовите, што, како што истакна, е неверојатна победа.