среда, 5 февруари 2025

Вучиќ ја слави одлуката на Трамп за УСАИД: Вашингтон повеќе не финансира „шарени револуции“

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека американската Агенција за меѓународен развој УСАИД ја водат „група радикални лудаци“ кои ќе ги избрка. Тоа доаѓа откако администрацијата на Трамп на три месеци ги замрзна сите проекти на УСАИД во светот, освен некои за хуманитарна помош. Не работи ни интернет сајтот на оваа организација, која годишно располагаше со 43 милијарди долари, а многу вработени се отпуштени или испратени на принудни одмори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа се погодени стотици илјади луѓе низ светот, од Авганистан до Балканот, кои работеа за Соединетите Американски Држави. Луѓето околу Трамп размислуваат за целосно укинување на таа агенција.

„Шансите се помалку од еден отсто во следните три месеци да ни исплатат и динар иако имаме потпишан договор“, вели извор од Србија за Дојче веле, чија организација претходно добивала пари преку УСАИД. „Покрај тоа, шансите се минимални од таму да стигнат какви било пари додека Трамп е претседател“.

Така во неволја се голем дел од невладините организации и таканаречените медиуми.

УСАИД во текот на годините во Србија соработувал со околу 500 организации од цивилното општество и околу 250 медиуми.

Од друга страна, властите во Србија укинувањето на американските пари ги дочекаа радосно, со пораки дека „Вашингтон повеќе не финансира шарени револуции“. Претседателот Александар Вучиќ најновите протести ги опиша како последен крик пред Трамп да им ја сопре славината.

„И сега се топи и растекува на сите страни. И тука последиците најверојатно ќе бидат неверојатно позитивни, но ќе има нормални и тешки и комплицирани работи бидејќи сешто ќе исплива, и околу финансирањето. Сè ќе има тука“, кажа Вучиќ.

Извори на Дојче веле сметаат дека Вучиќ преку претставникот на Трамп Ричард Гренел може да има извесно влијание во Вашингтон, особено бидејќи е решен земјиштето на Генералштабот во Белград да му го подари на зетот на Трамп за таму да гради хотел. „Ако е така, тогаш Американците за време на Трамп тешко дека ќе се вратат на финансирање на цивилниот сектор и медиумите во Србија“, вели еден од изворите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ