Кабинетот на претседателот на Србија вчера соопшти дека Вучиќ ги повикал на консултации за кандидат за претседател на владата листата „Политичката борба на Албанците продолжува – Шаип Камбери“ и „Руска партија – Слободан Николиќ“.
На консултациите во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот прво е повикана листата која ја предводи Камбери и ги претставува Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Листата на Камбери и Руската листа на демеквриските избори настапија како малцински и освоија по еден пратенички мандат.
Претседателот на Србија по секој изборен циклус на консултации ги повикува претставниците на листите кои станале парламентарни, односно имаат пратеници.
Собранието на Србија има 250 пратеници, а листата околу владејачката Српска напредна партија на изборите во декември освои 129 мандати, така што може самата да формира влада.
Опозициската коалиција „Србија против насилството“ сè уште ги обвинува за изборен грабеж и бара повторување на изборите, што власта го негира тврдејќи дека со тоа бараат алиби за изборниот пораз.