вторник, 4 февруари 2025

Вучиќ до ректорите: Дојдете кога ви одговара да ги почнеме разговорите

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати отворено писмо до Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград во кое ги повика на дијалог околу исполнувањето на четирите студентски барања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Управата на Универзитетот во Белград во текот на утрешниот ден официјално ќе му одговори на Вучиќ на повикот на разговор, неофицијално дознава РТС. До тогаш, како што наведуваат, нема да има изјави за јавноста или коментари.

„Почитувани, тргнувајќи од уставната надлежност од членот 111 на уставот на Република Србија со своето постапување да го изразувам државното единство на Република Србија и заложувајќи го својот авторитет како носител на јавна функција, кого во два наврати граѓаните непосредно го избраа за претседател на Републиката, ве повикувам заедно со другите надлежни институции и претставници на академската заедница да почнеме дијалог во рамки на кој ќе најдеме решение за постоечката ситуација во која уште трае блокадата на наставата во високошколските установи“, пишува Вучиќ.

„По трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, од 22 ноември почнаа блокадите на образовните објекти на високошколските установи. Наведените блокади доведоа до тоа на високошколските установи да не се вршат предавања, вежби, испити ни други облици на настава“, наведува понатаму српскиот претседател.

„Уважувајќи го фактот дека проширениот ректорски колегиум на Универзитетот во Белград во своето соопштение од 10 декември 2024 година ги поддржа актуелните студентски протести, сигурен сум дека сте свесни дека моменталната ситуација на подолг рок им штети на само на наставниот процес на високошколските установи и на самите студенти, туку и на развојот на образованието, науката и општеството во целост“, продолжи Вучиќ.

„Ако студентите и професорите на високошколските установи стојат на ставот дека дел од барањата не се исполнети, или дека барањата не се исполнети во целост, неопходно е, според моето мислење, да се отвори дијалог за тоа, како и за сите други прашања кои можат да бидат од значење за надминување на постоечката ситуација“, порачува тој во писмото.

„Уверен сум дека само во рамки на дијалогот можеме заеднички да утврдиме дали барањата на студентите се исполнети, и во која мера, и да прецизираме кои сè активности треба да се преземат за барањата да бидат исполнети на очекуваниот начин. Ве уверувам дека сите надлежни институции се спремни деноноќно да работат на исполнување на сите барања на студентите“, наведе Вучиќ.

„Очекува дека ќе одговорите на овој мој повик, кој е првенствено насочен на доброто на универзитетите, студентите и професорите, како и на сите граѓани и самата држава, а со уважување на сите достапното право да реагираат и да го изразат своето мислење за настани од јавно и општествено значење“, напиша српскиот претседател.

„Ве повикува во среда 5 февруари 2025 година, во време кое вам ви одговара да ги почнеме разговорите, а за доброто не само на младите луѓе туку и на целото општество“, се наведува во писмото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ