петок, 18 октомври 2024

Вучиќ: Во тек е етничко чистење на Косово и Метохија

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓани на Србија, вчера имавме разговор со европскиот претставник Мирослав Лајчак. Европската Унија се обиде колку што е тоа можно да бара некаков вид деескалација и сакам да кажам дека Србија исполни сè што од неа се побара за да се постигне деескалација, која не се случи“, кажа Вучиќ.

„Веќе 11 години учествуваме во сите разговори и сакам да им кажам на граѓаните на Србија дека денес нашата земја се наоѓа во најтешка ситуација не по своја вина, одговорност и желба, туку поради секојдневните активности на режимот во Приштина и оние кои молчат и со симпатии гледаат на тие акции и го гледаат тивкото етничко чистење на Косово и Метохија“, додаде српскиот претседател.

„Можеби не требаше тоа да го кажам, ќе ми беше полесно. Можев да ја забијам главата во песок како ној. Ќе кажев дека е уапсен уште еден Србин и тоа е тоа“, истакна тој. Кажа дека не сака да го лаже својот народ и да зборува дека ништо не се случува.

„Таа акција на прогон и етничко чистење на Косово е планирана, организирана и суштински поддржана од одделни кругови во меѓународната заедница. Донесоа одлука сите поистакнати Срби, кои можеби нема да ги прифатат едностраните одлуки на Приштина, мора да бидат уапсени или убиени“, наведе Вучиќ.

„Молчи Еулекс, молчи цела меѓународна заедница, но јас нема да молчам и да учествувам во тоа. не сакам да се правам наивен. Откако (косовскиот премиер Аљбин) Курти ја презема власта, апсењата не престануваат“, напомена тој.

Истакна дека станува збор за „грижливо подготвена“ акција, која следела по криминализацијата на српскиот народ. „Во тоа им помагаа домашни и странски медиуми со политички структури, но и странски влади. Никој за Србите на Косово и Метохија повеќе не зборува како за Срби, туку за припадници на различни криминални групи кои ги тероризираат Србите, а се под контрола на Белград“, заклучи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ