понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ: Во Белград нема да има нов Мајдан

Објавено на

часот

Сподели

На протестите против насилството во понеделникот и петокот повика опозицијата која Вучиќ ја обвинува дека сака да ја преземе власта без избори. Вучиќ опозициските лидери ги нарече „мршојадци и хиени“, бидејќи луѓето ги повикаа на протести за време на денот на жалост по двете трагедии кои ѝ се случија на Србија.

Во две масовни пукања, во белградското основно училиште на 3 мај и во три села кај Младеновац ден подоцна, убиени без вкупно 17, а ранети 21 лице, од кои три се сè уште во критична состојба.

„Нема да има Мајдан во Белград“, порача Вучиќ од Смедерево, каде денес беше прикажан дел од 13.500 парчиња разно нелегално оружје кое граѓаните на барање на полицијата ги предале од 8 мај, по двете масовни убиства.

Вучиќ кажа дека нема да прифати „фрустрираните лидери на опозицијата, кои не можат да победат на избори и кои се однесуваат како најлоши хиени“ тоа да го бараат, мислејќи дека до власта можат да дојдат со упад во некои институции.

На опозицијата ѝ порача дека има „залудни соништа за Мајдан“ во Украина 2014 и „за 5 октомври“ кога во 2000 година во Белград беше урнат Слободан Милошевиќ откако, по повеќе од деценија на власт, одбиваше да ги признае изборните резултати и победата на опозицијата.

Вучиќ, чија Српска напредна партија (СНС) е  на власт од 2012 година со чести предвремени избори, најави денес можност следните избори да бидат најдоцна во септември, а на опозицијата ѝ кажа дека нема да може да бира какви избори ќе бидат и ги повика во парламентарна процедура, согласно уставот, да побараат негова оставка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ