сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ по средбата со Ескобар и Лајчак: Време е Приштина да ја формира ЗСО

Објавено на

часот

Сподели

По состанокот, претседателот на Србија се огласи на својот инстаграм профил:

„Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои би воделе кон зачувување на стабилноста на целиот регион. Порачав дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред сè формирањето на Заедница на српски општини во согласност со Бриселскиот договор. Сакам да верувам дека делот од меѓународната заедница кој има најголемо влијание на Приштина, има и механизми кои можат да доведат до конечна реализација на обврските кои Приштина ги прифати и потпиша пред повеќе од една деценија“, напиша тој.

Габриел Ескобар изјави дека до утре ќе чека одговор од Приштина и Белград на предлогот на Европската Унија за деескалација на северот на Косово.

Во разговор со неколку новинари на Косово, тој зборувајќи за актуелната ситуација на северот, кажа дека патот напред е предлогот на ЕУ за моментална деескалација, вклучувајќи план градоначалниците да не работат од општинските згради додека има тензии, и организирање на нови избори со учество на Србите и реализација на Охридскиот анекс.

„Тоа значи дека мора да видиме реален напор на Косово да ја формира Заедницата и мора да видиме чекори кои ги презема Србија. Тоа мора да се направи сега, за тоа мора да се договориме денес и утре, бидејќи во петок Мирослав (Лајчак) и јас поднесуваме извештај на нашите претпоставени дали сме успеале или не“, кажа Ескобар.

Лајчак денес на Твитер објави дека за време на средбата со Вјоса Османи и лидерите на опозициските партии ја истакнал важноста за наоѓање политичко решение кое би овозможило враќање во нормалното.

„Јас, Габриел Ескобар и амбасадорот (на САД на Косово) Џефри Ховениер им ги објаснивме на опозициските партии на косовските Албанци последиците од актуелната криза и штетата по меѓународниот углед на Косово. Ги замоливме да поддржат политичко решение за намалување на тензиите“, напиша Лајчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ