понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ: Ова беше еден од најтешките удари за нашата нација

Објавено на

часот

Сподели

Една од нив се протестите кои денес без одржани низ Србија.

„Денес замолив вистински и искрено како претседател на републиката да не организираат вакво нешто, затоа што мислев дека е многу лошо за земјата. На најбрутален начин се злоупотребуваат чувствата на луѓето. Ќе се трудам да покажам и достоинство и пиетет кон жртвите на масакрите. Очекував дека ќе понудат некакви мерки“, кажа Вучиќ.

„Сè им се сведе на „укинете ги провладините медиуми“ и „сите поднесете оставки““, кажа српскиот претседател за протестите. „Од сите предлози сè се сведе на сува политика. За иднината на нашите деца не се загрижени ни за момент. Очекував барем малку сериозност и одговорност“.

„Најтешко им е на семејствата, на родителите. Ним никој не може да им ги врати децата. Трагедии, за жал, се случуваат во секое општество. Наше е само да се обидеме да ги има помалку. Со тоа добиваме заштита на децата од врсничко насилство. Децата ќе бидат побезбедни, а и наставниците“, кажа српскиот претседател.

Додаде дека е спремен да ги ислуша сите предлози, дека тоа е важно.

„Нешто мораме да направиме за да ги заштитиме нашите деца. Мораме да го смениме пристапот“, кажа Вучиќ.

„Ова беше еден од најтешките удари кои нашата нација и нашиот народ тешко го поднесува, но ќе се кренеме. Паднавме, но ќе се кренеме“, порача тој.

Истакна дека треба да се запаметат децата кои настрадале, а не децата убијци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ