петок, 18 октомври 2024

Вучиќ од Брисел: Приштина се вооружува, што очекувате од нас? (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ по состанокот кажа дека побарал од НАТО да ја спроведува својата улога. Додаде дека во пишана форма ги доставил сите докази за тоа што им било правено на Србите од доаѓање на власт на косовскиот премиер Аљбин Курти.

„Покажавме снимки на кои се гледа дека Срби биле држени во притвор без да бидат за ништо виновни. Побаравме НАТО да преземе контрола и да ги заштити Србите“, кажа српскиот претседател.

„Се плашам дека не сме на пат кој би ни гарантирал безбедност, се надевам дека нашите молба и барање ќе вродат со плод. Сигурен сум дека не сакаат Србите да бидат избркани од своите вековни огништа“, кажа Вучиќ.

„Според Резолуцијата 1244 (на Советот за безбедност на ОН), УЧК или што било што личи на неа или претставува континуитет во однос на УЧК не може да постои на Косово и Метохија“, кажа тој и додаде дека Курти изјави дека „полицијата е наследник на УЧК“.

Вучиќ укажа и дека Приштина се вооружува.

„Што очекувате од нас како реакција: Зар мислите дека војската на Србија и раководството на Србија немаат луѓе кои знаат какви опасности демнат? Знаеме какви се опасностите кога некој се однесува противправно и неодговорно. Целосно сме спремни на сите изненадувања и граѓаните на Србија не треба да се грижат“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ