вторник, 22 октомври 2024

Вучиќ најави вонредни парламентарни избори

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потпиша одлука за распуштање на парламентот и најави дека во недела на 17 декември ќе се одржат вонредни избори.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ ја потпиша одлуката за распишување избори, по што им се обрати на граѓаните.

„Донесов уредба за распуштање на Собранието избрано на 3 април 2022 година. Оваа уредба стапува на сила со денот на објавувањето во Службен весник. Распишувам избори за народни пратеници на 17 декември“, објави претседателот Вучиќ.

„Почитувани граѓани, ви посакувам среќни избори, живееме во тешки времиња. Многу е важно Србија да ги зачува мирот и стабилноста. На сите учесници им посакувам добар резултат, им посакувам сето тоа да го направат на цивилизиран начин. Да живее Србија, среќни избори“, порача тој.

Кампањата ќе трае до 14 декември на полноќ, кога ќе започне изборниот молк. Сите гласачи, полнолетни државјани на Република Србија, ќе можат да гласаат на своите избирачки места во недела на 17 декември од 7 до 20 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ