понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ: Централна тема на изборната кампања ќе биде „Удри по Вучиќ“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод 80-те години постоење на новинската агенција Танјуг, гостуваше на телевизијата Танјуг. За време на гостувањето тој го изнесе своето мислење за работењето на новинарите и новинарството во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ често е критикуван поради својот дијалог с новинарите со кои се конфронтира и расправа, често избегнувајќи одговор на конкретно прашање.

„Понекогаш и вие новинарите навалувате „мораш да се појавиш, горат мрежите“. Може да гори што сака, јас морам прво многу добро да размислам, да согледам од секој агол, па тогаш да се изјаснам. Да се биде новинар е посебна професија. Јас честитам на тоа, јас тоа не би можел да бидам. Можам брзо да размислувам и да реагирам, но немам право на тоа.

Секогаш одговарам на прашањата на новинарите, а прашањата на новинарите станаа повеќе констатации, отколку прашања. Мојата должност е да покажам јавна почит, а ако им се спротивставам и дали мојот одговор не им се допаѓа – тоа е мој проблем. Не постои глупаво прашање, само глупав одговор“, кажа Вучиќ.

Претседателот на Србија смета и дека многу пати лажно го обвиниле. „Кажаа и дека сум убиец, дека сум убил кого сè не… Повеќе не можам ни да се сетам кого сè сум убил, а секогаш лажеа“, кажа српскиот претседател.

На прашањето како ја гледа Србија за 40 години, Вучиќ истакна дека без визија нема напредок на земјата.

„Ние мислевме дека заостануваме зад Хрватска 20 или 30 години. Нешта многу побрзо се менуваат. Во квалитетот на животот и во примањата, заостануваме зад Хрватска во овој момент, според нашите проценки, во различни сфери, меѓу четири и шест години. Ние за четири години ќе имаме просечна плата во Србија од 1.400 евра“, кажа Вучиќ и истакна дек во политиката мора да се имаат принципи.

„Дали сте земале пари или не, за тоа треба да се зборува, за тоа станува збор во политиката – дали имаш соништа за државата или за себе? Тоа е суштината на политиката“, кажа Вучиќ.

Претседателот на Србија потпиша одлука за распишување вонредни парламентарни избори, а во недела 17 декември ќе биде одржано гласањето.

„Јас секогаш велам, фаворитите очекуваат победа. Милијарди евра вложија против мене. Милион страници се отпечатени против мене. Милијарди секунди се вложени против мене.

Логично е на луѓето да им здосадите по десет години. Би сакал луѓето да ги ценат резултатите и да ја согледаат иднината. Одговорноста на луѓето е голема, изборите не се мала работа“, кажа Вучиќ па се осврна на тоа што очекува од централната тема на кампањата.

„Удри по Вучиќ, удри по листата „Србија не смее да сопре““, очекува српскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ