Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава и уплата на предвидениот паричен износ преку платежната сметка на потенцијалниот инвеститор.
Минималниот износ кој граѓаните можат да го вложат во овој финансиски инструмент e 10.000 денари со рок на две години, гарантирaн од државата, и атрактивна каматна стапка од 5%, а на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплати клиентот.
Граѓанските обврзници се можност за граѓаните да ги инвестираат своите слободни средства во развојни државни проекти. Тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.