сабота, 19 октомври 2024

Втор ден не сообраќа возот Велес-Прилеп-Битола, граѓаните плаќаат дополнително пари за автобус

Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола  и обратно. Како што информираат од Железничката станица во Велес, во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат.

Објавено на

часот

Сподели

Од Македонски железници за МИА информираат дека нивни екипи работат на санирање и обнова на праговите по што ќе бидат пуштени возовите но не посочуваат кога е рокот на санација на оштетената пруга.

Претходно до  вторникот вечерта  возот  само  пет дена сообраќаше, а откако претходно исто така поради изгорени илјада прагови од пругата, возот на релација  Велес-Прилеп Битола беше во прекин осум дена.

Поради прекин на возот реагираат голем број на патници, најмногу студенти од Велес и околните населени места, кои студираат во Прилеп и Битола, а кои имаат и месечни карти за воз, па сега се изложени на дополителни трошоци за патување со автобус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ