На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и на прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата. Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, информираат од „Македонија пат“.