понеделник, 24 март 2025

Милан поразен кај Феенорд, Баерн со триумф се враќа од Глазгов (ВИДЕО)

Феенорд со 1-0 го совлада Милан во првиот плејоф меч, Баерн Минхен со 2-1 славеше на гостувањето кај Селтик во Глазгов.

Објавено на

часот

Сподели

Единствениот гол на мечот меѓу Феенорд и Милан беше постигнат уште во третата минута од натпреварот. Паишао биеше од далечина, Мањан направи голема грешка и топката заврши во неговиот гол.

Феенорд одигра одлична одбрана, Милан се мачеше да создаде шанси за погодок, особено беа немоќни во второто полувреме.

Баерн Минхен направи крупен чекор кон осминафиналето откако го совлада Селтик на негов терен.

Олисе во 45. минута даде гол за водство од 1-0, а по четири минути игра во вториот дел Кејн зголеми на 2-0.

Селтик намали на 2-1 со гол на Маеда во 79. минута што беше и конечен резултат.

Бенфика со гол на Павлидис во 48. минута победи на гостувањето кај Монако од 1-0.

Претходно Клуб Бриж со 2-1 ја совлада Аталанта.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ