среда, 23 октомври 2024

Врховните судии се собраа на седница, расправале за уапсениот колега Георгиев

Врховниот суд денеска одржал седница на судии на која претседателката на судот, Беса Адеми, ги информирала врховните судии во врска со започната кривична постапка против нивниот колега Наке Георгиев, преземените активности и соработката со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција.

Објавено на

часот

Сподели

„На денешната седница на судии беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка“, се вели во соопштението од Врховниот суд.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија Наке Георгиев му определи мерка 30 дневен притвор. Тој заедно со членот на Советот на јавни обвинители се осомничени за примање поткуп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ