сабота, 27 јули 2024

Судијата Георгиев оди во 30 дневен притвор, одлучи Кривичниот суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и на врховниот судија му определи мерка 30 дневен притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како
и ценење на фактите и доказите приложени од страна на јавниот обвинител
донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се
определува мерка притвор во траење од 30 дена затоа што може да ја попречи
кривичната постапка со влијание врз сведоците, а може да го доврши или повтори кривичното дело“, пишува во дел од одлуката на Кривичниот суд.

Против вквата одлука Георгиев има право на жалба пред Кривичниот совет.

„Воедно ја информираме јавноста дека, по добивање на предлогот за
определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен врховен
судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе  одлука која е јавно објавена“, информираа од Кривичниот суд.

Судскиот совет на синоќа итно свиканата 487 седница одлучи да му го одземе имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев и воедно одлучи да ја одобри мерката притвор што претходно беше побарана од Јавното обвинителство. Врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање поткуп од 10.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ