сабота, 27 јули 2024

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Георгиев и го одобри неговиот притвор

Судскиот совет на синоќа итно свиканата 487 седница одлучи да му го одземе имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев и воедно одлучи да ја одобри мерката притвор што претходно беше побарана од Јавното обвинителство. Врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање поткуп од 10.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.

На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста вечерва беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен имунитетот откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека припил поткуп од 10.000 евра. Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

Група истражители до синоќа вечерта вршеле претрес во канцеларијата на врховниот судија Наке Георгиев, осомничен за примање поткуп од 10.000 евра, потврдија вечерва за МКД.мк извори од Врховниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ