сабота, 27 јули 2024

Судскиот совет ја исклучи јавноста, на затворена седница одлучува за имунитетот на судијата Георгиев

На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста вечерва беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен имунитетот откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека припил поткуп од 10.000 евра. Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот совет вечерва на затоврена седница расправа дали на врховниот судија, Наке Георгиев ќе му биде одземен судискиот имунитет откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека примил поткуп од 10.000 евра.

Имунитетот може да се одземе за да може судијата Георгиев да се појави пред судија на претходна постапка кој одлучува дали ќе му биде определена мерка притвор или не.

Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

Одлуката да биде седницата затворена беше донесена едносгласно заради заштита на угледот и интегритетот на судијата.

Од Судскиот совет најавија соопштение за одлуката што ќе ја донесат по расправата.

Итната седница на Судскиот совет беше свикана по барање на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на судскиот имунитет на судијата и за одобрување на мерка притвор.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е уапсен врховен судија поради основано сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Судијата, како што информираше МВР, е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Уапсениот судија има право да се повика на судскиот имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.

Врховниот судија, Наке Георгиев вчера попладне е приведен на распит во полициска станица поради сомнеж дека тргувал со влијание и дека примил мито во износ од 10 илјади евра. Тој се сомничи дека за 10.000 илјади награда му ја олеснил постапката на поранешниот градоначалник на Ново Село, Борче Стојчев, кој е обвинет за шверц со марихуана, а претходно тој имаше и дело за шверц со цигари од грчки фри-шоп.

Според Законот за кривична постапка, ако некој е фатен во извршување на кривично дело, во случајот осоминениот судија, веднаш следува разрешување на судијата.

Што се однесува до притворот, ако за вакво кривично дело е пропишана затворска казна до 5 години, за притвор согласност мора да даде Судски совет.

Доколку судијата одлучи така, тогаш имунитетот што го има согласно закон не мора да го користи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ