сабота, 27 јули 2024

Приведен во полиција врховен судија, сомнежот е дека примил мито од 10 илјади евра

Врховeн судија е приведен на распит во полициска станица поради сомнеж дека тргувал со влијание и дека примил мито во износ од 10 илјади евра. Нeoфицијално, станува збор за судијата Наќе Георгиев кој наводно митото го примил за да му ја олесни постапката на поранешниот градоначалник на Ново Село, Борче Стоев, кој е обвинет за шверц со марихуана, а претходно тој имаше и дело за шверц со цигари од грчки фри-шоп.

Објавено на

часот

Сподели

Приведувањето од страна на полицијата е извршено по наредба од обвинител, а за други мерки треба за имунитетот кој го поседува врховниот судија да реши Судскиот совет.

Наќе Георгиев стана познат во јули минатата година со брзото напредуваше во кариерата. Неговиот син Кирил пак, беше избран за судија во Основиот суд, откако, за да нема судир на интереси, Наќе Георгиев го повлече членството во Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ