сабота, 27 јули 2024

Истражители влегле во Врховен суд, прибирале докази за судијата Георгиев

Група истражители до синоќа вечерта вршеле претрес во канцеларијата на врховниот судија Наке Георгиев, осомничен за примање поткуп од 10.000 евра, потврдија вечерва за МКД.мк извори од Врховниот суд. На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста вечерва беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен имунитетот откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека припил поткуп од 10.000 евра. Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според изворите на МКД.мк истрагата се води и за евентуално други сторени кривични дела и на други сторители за евентуално сторените кривични дела.

Изворите на МКД.мк велат дека истрагата може да се прошири и на други луѓе од правосудството кои биле сведоци како врховниот судија Георгиев за паричен надомест може да помогне во спогодбата за признавање на вина и да издејствува најблага казна за обвинетиот поранешен градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој беше уапсен, прв пат за шверц на цигари, а вториот пат за шверц на марихуана.

На итната седница свикана на полноќ, со сите 10 гласа за на присутните членови на Судскиот совет јавноста вечерва беше исклучена од распрвата дали на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев ќе му биде одземен имунитетот откако вчера попладне тој беше уапсен под сомнение дека припил поткуп од 10.000 евра. Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ