Судиите ќе ги слушаат аргументите дали законот противзаконски го ограничува говорот кршејќи го Првиот амандман. Законот, кој беше усвоен во април, одреди рок за продажба на Тикток до 19 јануари или во спротивно ќе се соочи со забрана во САД. Социјалната мрежа има повеќе од 170 милиони корисници во САД.
Нејасно е колку мое да биде брза одлуката. Но судот сепак би можел да постапи по аргументите и да спречи законот да стапи на сила до конечната пресуда, ако најмалку пет од девет судии сметаат дека е неуставен.
Адвокатите на компанијата и на кинески Бајтденс ги повикаа судиите да одлучат пред 19 јануари. Судот ќе ги слушне и аргументите на креаторите на содржини кои зависат од платформата за приход и некои корисници на Тикток.
Министерството за правосудство на администрацијата во заминување на Џо Бајден ќе се изнесе во одбрана на законот кој Конгресот го усвои со поддршка од двете партии и кој го потпиша Бајден во април. Новата републиканска влада можеби нема исто да гледа на законот.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој своевремено ја поддржа забраната, за време на кампањата изјави дека „ќе го спаси Тикток“, и дека неговата администрација ќе го разгледа случајот. Трамп во понеделникот се сретна со извршниот директор на Тикток Шоу Зи Чев во Мар-а-Лаго на Флорида.
Компанијата кажа дека гасење кое би траело само еден месец би довело до тоа Тикток да изгуби околу една третина од своите дневни корисници во САД и значителен приход од огласувањето.
Случајот се спротивставува на правото на слобода на говорот со цел заштита на националната безбедност, додека истовремено отвора прашања за социјалните медиуми.
Советот на сојузни суд на Апелацискиот суд на САД за округот Колумбија едногласно го поддржа законот на 6 декември, а потоа ја одби итната молба да се одложи примената на законот.
Без судска акција, законот ќе стапи на сила на 19 јануари и ќе ги изложи продавниците на апликации кои го нудат Тикток и услуги за интернет хостинг кои го поддржуваат на потенцијални казни.