„Со задоволство објавувам дека денес го потпишав договорот со ’Еуроимаж‘ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година! Овие средства доаѓаат од буџетот на Министерството за култура и туризам и ќе бидат наменети за учество во програмата за финансирање ТВ-серии“, рече Љутков.
Со потпишувањето на договорот, македонските продуценти добиваат шанса директно да учествуваат во користењето на средствата од „Еуроимаж“ за копродукциски проекти, со што ќе се овозможи широка дистрибуција на сериите и нивно прикажување на медиуми во други држави, а тоа е од особена важност за нашата телевизиска продукција.