Тој истакна дека Киев ќе мора да прифати губење на околу третина од својата територија, оценувајќи дека продолжување на конфликтот не е добар за Украина.
„Европската Унија ќе ги интензивира напорите за спроведување на плановите за прием на Украина во заедницата, иако од сите држави кандидати Србија е најспремна за тоа“, кажа Фицо на седница на парламентарниот одбор за европски работи.
Словачкиот премиер претходно конфликтот во Украина го нарече авантура на Западот, која не може добро да заврши за Киев и дека таа земја на крајот ќе изгуби територија.
Тој истакна дека словачките власти, додека е тој премиер, никогаш нема да поддржат влез на Украина во НАТО.
Покрај тоа, Фицо наведе дека сака да ги нормализира односите меѓу Европа и Русија.
На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел на 4 декември, земјите не постигнаа консензус за повикување на Украина во Алијансата, па така прашањето за членство на Украина во НАТО остана без напредок.
Луксембург, Германија, Турција, Словачка, Унгарија и Соединетите Американски Држави се спротивставија на членството на Украина, истакнувајќи дека актуелниот конфликт со Русија го исклучува тоа.