понеделник, 21 октомври 2024

Времен режим на сообраќај на улица „Александар Урдаревски“ во скопската општина Бутел

Поради асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во Oпштина Бутел во периодот од 9 до 17 ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно тој ќе се пренасочува преку скопската обиколница, за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“-Скопје, ќе се асфалтира коловозната површина на улицата во насока од крстосницата со улицата „Боца Иванова“ до улицата „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел”, потег кој завршува до улицата „Нов Живот“, во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ