„Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалак за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата.
М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата.
Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите: Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот, Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките, Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи, роднини на Ејуп Халими, Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани, Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи, Арбин Весели – внук на Беким Незири, Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили, Самир Буши – син на Назиф Буши…
Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа ‘фамилијарни претпријатија’ со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана. Ќе го демонтираме овој трул систем и ќе донесе правда за сите Албанци“, велат од коалицијата Вреди.