петок, 21 февруари 2025

Вработена во МВР во Куманово незаконски продолжила важење на возачка дозвола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело несовесно работење во службата.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека пријавената на 10 мај 2024 година во 14:26 часот на шалтерот на МВР во технички преглед во Куманово, без да ја запази процедурата за продолжување на регистрација на возило, извршила продолжување на регистрација и издала сообраќајна дозвола за товарно моторно возило, кое истиот ден во 13 часот било сопрено од страна на полициски службеници и со потврда за привремено одземени предмети било одземено поради истечена важност на сообраќајната дозвола од 28 декември 2022 година.

Пријавената, како што пишува во соопштението, извршила продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и промена на регистарски ознаки на товарното моторно возило и покрај тоа што возилото не ги поминало потребните проверки за исправност  во станицата за технички преглед, затоа што претходно било одземено од страна на полициски службеници, со што на лице од Куманово му овозможила да се стекне со продолжување на сообраќајната дозвола спротивно на прописите за регистрација на моторни возила, воедно доведувајќи го и во поволна позиција во врска со понатамошниот исход од прекршочната постапка пред надлежен орган по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен сообраќаен прекршок поради управување на возило со помината важност на сообраќајната дозвола.

„Пријавената постапила несовесно и во делот на евидентирање на горенаведените дејствија  со тоа што неуредно  ги водела  службените евиденции  и списи, што резултирало  со тоа  да го снема службеното досие за продолжување  и промена на сообраќајната дозвола за предметното возило. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место- суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ